More

    Делфинот почна да ги напаѓа капачите: „Не им приоѓајте на плажите“

    spot_img

    По серијата напади на делфини, јапонските власти ги предупредија капачите да се држат настрана од животните. Тие сметаат дека нападите ги извршил конкретен поединец, односно дека не е опасност од неколку различни делфини.

    Предметното животно, обичен индо-пацифички делфин, се чини дека повреди најмалку шест лица на три плажи во префектурата Фукуи од крајот на јули, каснувајќи неколку од нив.

    Повеќето инциденти се случиле на 10 метри од брегот, што покажува дека делфините во областа се навикнале на средби со луѓе во плиткото. Локалните медиуми објавија дека властите инсталирале подводен уред кој емитува ултразвучни бранови за да се обидат да го намамат делфинот подалеку од капачите. Но, и после тоа се случија два напади.

    Во најлошиот инцидент, делфин касна човек за рака и тој доби 14 конци.

    Полицијата поради тоа почнала да патролира по плажите и да дели летоци со кои ги предупредуваат посетителите на потенцијалната закана и ги замолуваат да се држат настрана од овие животни, пишува The Guardian.

    „Делфините не сакаат да бидат допирани по одредени делови од телото, како што се врвот на носот и грбната перка“, вели Масаки Јасуи, претставник на одделот за промоција на туризмот.

    Експертите од аквариумот Фукуи веруваат дека нападите ги извршил одреден делфин кој првпат бил забележан во областа во април. Меѓу жртвите имало двајца мажи на 40-годишна возраст, и двајцата добиле болничко лекување поради полесни повреди, и маж на 60-годишна возраст, кој пливал на помалку од четири метри од брегот на плажата Такасу кога делфинот го каснал за рака.

    „Слушнав за делфинот на вестите и требаше веднаш да излезам од водата ако го видам, но го забележав само кога веќе беше до мене“, изјави 60-годишникот за локалниот весник.

    Сопственикот на блиското кафуле изјавил дека во минатото делфините повремено туркале капачи, но дека неодамна почнале да се „фрлаат по нив“, пренесува Индекс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img