More

    Двоцифрена инфлација во Данска за прв пат во изминатите 40 години

    spot_img

    Стапката на инфлација во Данска се искачи на двоцифрена бројка за прв пат по четири децении, бидејќи трошоците за живот и цените на енергијата растат, што укажува на тоа дека нордиската земја би можела да оди во рецесија.

    Индексот на потрошувачките цени во септември е зголемен за 10 отсто во однос на претходната година. Во август тој индекс изнесуваше 8,9 отсто, пишува американскиот деловен портал „Блумберг“.

    „Зголемените трошоци за живот сега имаат многу потешки последици и се закануваат дополнително да ја намалат потрошувачката моќ. „Потрошувачите сега штедат пари и тоа ќе има нови последици во големи делови од економијата“, вели аналитичарот од „Сидбанк“ Матијас Долеруп Шпрегел.

    Данската централна банка минатиот месец објави дека зголемената инфлација претставува најголема закана за економијата, која се предвидува дека ќе се намали и во наредните години.

    Експертите предупредија дека Копенхаген треба да воведе дополнителни мерки за штедење за да се избегнат последиците врз потрошувачката моќ на населението.

    Во Данска изборите се одржуваат на 1 ноември, а кандидатите на владата и опозицијата ветуваат дека ќе направат се што можат за да ги намалат трошоците за живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img