More

    Движењето Пет ѕвезди ги ограничува пратките со оружје

    spot_img

    Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо денеска го обвини своето популистичко Движење Пет ѕвезди дека ги поткопува напорите на владата да ја поддржи Украина, а со тоа ја ослабува позицијата на Рим во Европската унија.

    Неговата оставка може да сигнализира неизбежен раскол во партијата што некогаш ја водеше. Претставниците на Движењето пет ѕвезди треба да се состанат подоцна денеска за да разговараат за позицијата на Ди Мајо по критиките упатени на сметка на партијата.

    Внатрепартискиот спор му создава проблеми и на премиерот Марио Драги бидејќи во вторник се одржува важното парламентарно гласање за Украина.

    Некои членови на Движењето пет ѕвезди сакаат да ја ограничат Италија да испраќа дополнително оружје во Украина.

    Ди Мајо во изјавата рече дека владата мора да ги брани вредностите на демократијата и слободата, додавајќи дека додека сите сакаат мир, рускиот претседател Владимир Путин води војна.

    Во тој контекст рече дека лидерите на Движењето пет ѕвезди го напаѓаат со „омраза“ и и создаваат проблеми на власта со нејзините европски партнери.

    – Незрел став со кој се сака да се создаде тензија и нестабилност во владата – нагласи тој.

    Изјавата на Ди Мајо се уште не е коментирана од лидерот на Движењето пет ѕвезди и поранешен премиер Џузепе Конте.

    Претходно , еден од соработниците на Конте, Рикардо Рикиарди, рече дека Ди Мајо се свртел против своето политичко семејство и дека треба да се соочи со последиците.

    Движењето пет ѕвезди е партијата со најмногу пратеници во парламентот, а на последните избори во 2018 година освоија дури 33 отсто од гласовите. Сепак, нејзината популарност значително опадна оттогаш, по губењето на нејзиниот популистички имиџ поради нејзиното учество во владата.

    Според последните анкети, партијата може да смета на околу 13 отсто од гласачите, а на локалните избори минатата недела освои само три отсто од гласовите.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img