More

    Двејн Џонсон ги исправа грешките од младоста

    spot_img

    Американскиот актер Двејн Џонсон, познат како „Карпата“, влегол во еден маркет на Хаваите и ги купил сите чоколади „Сникерс“, а тоа го направил поради посебна причина.

    Џонсон се појавил на каса со неколку стотици чоколатца, па со тоа ѝ „задал“ многу работа на продавачката. Причината за купување на чоколадите не е поради тоа што сакал да ги јаде, туку на овој чекор се одлучил за да исправи некоја грешка од младоста.

    Актерот како тинејџер живеел на Хаваите и секој ден како 14-годишник крадел чоколади „Сникерс“ пред да оди во теретана, а тие му служеле како pre-workout. Неговото семејство било многу сиромашно, па поради тоа немал пари ни за чоколадо.

    „Конечно го истерав овој чоколаден демон кој ме „јадеше’ со децении“, напиша Џонсон на Инстаграм.

    Освен чоколади, актерот им ги платил и сметките на сите присутни во маркетот.

    „Минатото не можеме да го промениме, како ниту некои глупости кои сме ги направиле, но понекогаш можеме да направиме нешто за да се искупиме за таа ситуација и можеби ќе им измамиме насмевка на лицата на некои луѓе кои не ги познаваме“, заклучил Џонсон.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img