More

    Двајца дехидрирани велосипедисти се загубиле кај селото Кожле

    spot_img

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени два велосипедиста, многу дехидрирани и снеможени кога биле пронајдени во суровиот предел без вода, коишто после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, наведено е во соопштението на ЦУК.

    „Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош. Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координација во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените и дехидрирани велосипедисти во координација со полицијата. Оперативците од ЦУК биле постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале сѐ повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку слабениот говор при комуницирањето преку телефон“, се вели во соопштението.

    Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжиле пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт.

    „Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спасат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден. Затоа паралелно е контактирано со Брза помош за да дојде, додека ги извлекуваат, на договорена точка со спасувачкиот тим полицајци, на прооден пат за амбулантно возило, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период. Припдниците на МВР, во оваа случка покажал големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубните во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на пруѓање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош“, се вели во соопштението на ЦУК.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img