More

    Дваесет и еден годишниот Леонардо Илиев ја освојува музичката сцена

    spot_img

    Дваесет и еден годишниот Леонардо Илиев ја освојува музичката сцена.

    Најмалиот од тројцата синови на Зоран Илиев, познат како Роџер Пијано кој во 2016 година со семејството се пресели во Мелбурн, Австралија, воодушеви со својот настап во „Гласот на Австралија“ (The Voice Australia).

     

    Леонардо студира аудиопродукција и создавање музика, а песната со која настапил на познатиот музички натпревар „Гласот на Австралија“ (The Voice Australia) е негова, авторска песна.

    Инаку, светски познатата пејачка Рита Ора е дел од четиричленото жири на музичкото шоу. Рита заиграла на своето столче додека настапувал младиот Леонардо.

    Неговиот настап кој го крена жирито и публиката на нозе, веќе има над 435.000 прегледи.

    Додека Леонардо рапувал на сцената, неговиот татко и браќата го бодреле од зад сцената.

    „Настапите се една од моите омилени работи заедно со правењето музика и интересно е затоа што веднаш гледаш како реагира публиката“, вели Леонардо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img