More

    Да се купи гаража треба пари колку за стан

    spot_img

    Покрај цените на становите од неодамна пораснаа и цените за купување или изнајмување гаража и паркинг место во зградите и надвор од нив. Зависно од местоположбата и староста на зградите или објектите, во Скопје гаражни места може да се купи по цена од 6.000 до 16.000 евра. Изнајмувањето, пак, според огласите чини и до 1.200 евра годишно, бидејќи за изнајмување гаражнo место или гаража се бараат од 30 до 100 евра месечно зависно од местоположбата.

    Слична е состојбата и во другите градови во земјава.

    Граѓаните кои сакаат да купат гаража негодуваат бидејќи цените се изедначуваат со цена на квадратен метар од стан во центарот на Скопје, а во дел од новите згради нема доволно паркинг простор иако законски секој стан треба да има обезбеден простор за паркирање.

    – Кога се договарав со инвеститорот за купување на станот, ми понуди и паркинг место, но не кажа по која цена. Сега кога се вселив, гледам нема доволен број паркинзи за сите станови. Скоро половината од становите немаат паркинг, па имаме проблем каде да ги оставиме колите. Реагирав кај инвеститорот и побарав да ми обезбеди паркинг, а тој вели требало да го купам заедно со станот, бидејќи веќе сите места се продадени. Сега мора да купам гаража или да изнајмам во некоја од зградите, а цените квадратот стигнаа како да купуваш стан. Има огласи со цени и од 1.000 квадрат за обичен паркинг во згради или за издвоена гаража – вели револтиран граѓанин.

    Градежни експерти велат дека доколку не се стави ред во надзорот и во техничкиот прием на новоизградените згради цените на гаражите ќе стигнат и до 50.000 евра, бидејќи цената на кавадратот гаражно место ќе ја формира побарувачката која во централните градски подрачја станува се поголема.

    – Законот за градење предвидува секоја нова зграда да обезбеди и паркинг простор за стан од 60 квадрати и за секој деловен простор. Така за стан од 60 квадратни метри се обезбедува еден паркинг и зависно од големината на станот треба да има и повеќе паркинг места. Но, проблемот настанува при изведување на градбите и при техничкиот прием и надзорот на градбата. Во поголемиот дел од зградите на ова прашање малку се води сметка и така дел од зградите немаат соодветен простор иако имаат добиено градежна дозвола во која е предвидено тие да постојат. Дел од зградите кои имаат мал простор предвидуваат гаражи на две нивоа кои лоши ги изведуваат и нема услови да ги користат жителите на становите. Во некои делови од градот дури ги градиме зградите без обезбедена улица, зеленило, и без простор за паркирање. Затоа цените на изнајмување и купување на ваков простор ќе растат, а инвеститорите го злоупотребуваат ова и ги зголемуваат цените – вели архитектот Никола Велковски.

    Според него, проблемот е во тоа што нема контрола на надзорот, а него го вршат приванти компании и поединци.

    – Во законот е предвидено компании и поединци да вршат надзор, но не е предвидено кој ќе ги контролира. Затоа сметам дека во општините треба да има посебни сектори кои ќе се грижат за надзорот како што тоа беше порано – додава тој.

    Цената на квадратен метар паркинг место, според него, во затворен простор треба да се движи од 350 до 400 евра, а на отворен уреден простор до 250 евра.

    – Вообичаена големина на паркинг простор е 15 квадратни метри односно 3 со 5 метри во затворен простор и 2,5 со 5 метри на отворен простор. Тоа би значело вкупна цена од 6.000 евра за паркинг во затворен простор и 3.750 евра за паркинг на отворено. Но ова се злоупотребува и паркинзите се продаваат по многу повисока цена – вели Велковски.

    Тој смета дека во вакви услови општините самите треба да планираат изградба на јавни паркиралишта кои би ја пополниле празнината која се создава со изградба на згради на мал простор и без извдени гаражни и паркинг простори според стандардите кои немаат испланирани зелени површини па дури се и без пристапни улици.

    – Освен потребата општините да обезбедат јавен паркинг простор, потребно ќе биде да се направат законски измени со кои при купување стан ќе се купува и паркинг место, што значи за секој стан ќе треба да се обезбеди и паркинг место – вели Велковски.

    Проблем за обезбедување гаражен простор имаат и голем број граѓани на другите градови во земјава.

    Купување гаража, на пример, во Тетово, каде што тешко може да се најде и паркинг простор на отворено чини повеќе од 10.000 евра. Во Штип, пак, може да се купи гаража за 6.000 до 8.000 евра. Слични се цените и во другите поголеми градови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img