More

    Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен денеска ќе дебитира за Брентфорд во премиерлигашкиот дуел на домашен терен против Њукасл

    spot_img

    Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен денеска ќе дебитира за Брентфорд во премиерлигашкиот дуел на домашен терен против Њукасл, што за него ќе биде прв официјален натпревар од минатиот јуни кога претрпе застој на срцето, настапувајќи за Данска на ЕУРО2020, најави тренерот Томас Франк.

    – Кристијан Ериксен ќе биде во екипата и ќе истрча на теренот. Тоа ќе биде голем ден за нас, а особено за Кристијан и неговото семејство – изјави Франк на вчерашната прес-конференција.

    Ериксен, кој претходно овој месец наполни 30 години, нема официјален настап откако во јуни минатата година колабираше на теренот во финишот на првото полувреме на дуелот меѓу Данска и Финска во Копенхаген, по што беше подложен на реанимација, а подоцна во градската болница му беше вграден срцев дефибрилатор.

    Во времето кога тоа се случи Ериксен беше фудбалер на Интер со кој мораше да го раскине договорот, бидејќи здравствените протоколи во италијанската Серија А не дозволуваат настап на фудбалери со вграден минијатурен дефибрилатор.

    Данецот во јануари година без обесштетување потпиша договор со англискиот прволигаш Брентфорд, кој во моментов се наоѓа на 14. место во Премиер лигата со 24 бодови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img