More

    Данска досега потврди три истекувања од Северен тек 1. и 2.

    spot_img

    Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја предупредила Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море, објави германскиот магазин „Шпигел”, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводи од Русија до Германија.

    Повикувајќи се на неименувани извори, „Шпигел” пишува дека германската Влада го добила предупредувањето од ЦИА летоска. Се додава дека Берлин претпоставува оти се работи за таргетиран напад на гасоводите Северен поток еден и два.

    Портпаролот на германската Влада одбил да даде коментар, наведува „Шпигел”.

    Операторот на гасоводот Северен тек 1 вели дека ќе биде можно да се почне со поправка на истекувањето дури откако ќе се процени штетата.

    Портпаролот на Норд стрим АГ лрих Лисек за ДПА изјави дека сака да ја провери штетата што е можно побрзо откако властите ќе ги укинат затворените зони што се наметнати. Портпаролот одби да даде информации за можните трошоци и кој ќе ги сноси.

    Портпаролот рече дека „никој не може сериозно да каже во моментов каква е ситуацијата таму”.

    Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека протекувањето на гасоводот во гасоводот „Северен тек” во Балтичко Море е „чин на саботажа”.

    – Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да се расветлат настаните и нивните причини. Секое намерно нарушување на активната енергетска инфраструктура во Европа е неприфатливо и ќе резултира со најсилен можен одговор – смета Фон дер Лајен.

    Шведските власти вчера соопштија дека се издадени предупредувања поради два случаја на истекување на гасоводот Северен тек – еден во шведските и данските води, еден ден откако беше пријавено истекување од Северен тек 2. Во моментот и двата гасовода не се во функција, но во цевките има гас.

    Данската енергетска агенција вчера потврди три истекувања на гас од цевководите Северен тек 1 и 2. Данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска се состанаа во Брисел за да разговараат за ситуацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img