More

    Данската влада сака да ги искорени навиките за пушење кај оние родени по 2010 година

    spot_img

    Данската влада работи на целосно искоренување на навиките за пушење кај идните генерации и работи на тоа никој роден по 2010 година да не почне да пуши или да користи други никотински производи.

    Според владиниот предлог, како дел од здравствената реформа што во Копенхаген ја откри министерот за здравство Магнус Хеунике, одлуката може да вклучи забрана за продажба на тутун и никотински производи на таа генерација.

    „Генерација без никотин 2010 +“ ќе биде историска пресвртница во спречувањето на болести и смрт, соопшти Министерството.

    Овој предлог за здравствена реформа е долго очекуван и е исклучително сеопфатен. Премиерката Мете Фредриксен исто така предложи да се зголеми старосната граница за продажба на алкохол на 18 години.

    Во моментов во Данска пиво можат да купат луѓе постари од 16 години, а пијалоци со поголем процент на алкохол може да се купат доколку имаат 18 години.

    Во предлогот владата посочи дека младите од Данска се водечка по конзумација на алкохол во Европа и дека културата на прекумерно пиење има сериозни последици.

    За предлозите ќе се расправа во парламентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img