More

    Даночни измами, дрога, врски со фирми во Украина и во Кина…

    spot_img

    Федералните агенти веруваат дека има доволно докази за кривично да го обвинат Хантер Бајден за даночни злосторства и за лажење за неговата употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година, објавија Вашингтон пост и Си-Би-Ес Њуз, пренесува Гардијан. Дел од доказите се во форма на и-мејлови кои протекоа од лаптопот на Хантер.

    Но, американскиот адвокат во Делавер, кој ја надгледува истрагата за синот на претседателот, сѐ уште не одлучил дали ќе поднесе кривична пријава за случајот, објави Пост.

    Тој федерален обвинител, Дејвид Си Вајс, првично беше номиниран и служеше во администрацијата на Доналд Трамп и продолжи да служи во администрацијата на Бајден делумно поради политичките реакции што веројатно би ги предизвикала неговата смена, со оглед на неговиот надзор над истрагата за Бајден, објaви Вашингтон Пост.

    Во септември, повеќе од 30 републиканци во Сенатот побараа од јавниот обвинител на Бајден, Мерик Гарланд, да му даде на Вајс „специјална заштита и овластувања“ за да ја заштити независноста на неговата истрага.

    Си-Би-Ес Њуз објави дека тимот на Бајден верува дека изворите кои зборувале за Вашингтон пост бил мотивиран од „фрустрација внатре во ФБИ поради времето потребно на обвинителите да размислуваат за овој случај“ и дека ФБИ „се обидува да изврши притисок врз обвинителите да дејствуваат“.

    Адвокатот на Хантер Бајден, Крис Кларк, ги обвини федералните агенти за незаконско објавување информации и побара од Министерството за правда да го истражи протекувањето.

    слики од Хантер Бајден на кои наводно е предозиран од крек

    „Федерално кривично дело е федералниот агент да објавува информации за истрагата на големата порота како што е оваа“, напиша Кларк за Вашингтон пост.

    „Секој агент што ќе го наведете како извор во вашата статија, очигледно извршил такво кривично дело“.

    Хантер Бајден самиот потврди дека бил под истрага за прашања поврзани со даноците во 2020 година, набргу откако неговиот татко ја освоил претседателската функција. Деловните зделки и консултантите на Хантер Бајден во Украина и во Кина, вклучително и плаќањето по 50.000 долари месечно од украинската фирма „Бурисма“, долго време ја брануваат јавноста во САД.

    Кога Доналд Трамп беше претседател, тој се обиде да ги открие малверзации на Хантер Бајден и неговиот татко во Украина. Ова од друга страна доведе до импичментот на Доналд Трамп и негово симнување од власт.

    ФБИ, меѓу другото, поведе истрага за Доналд Трамп, откако пронајде стотици класифицирани документи во неговиот домашен сеф.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img