More

    Дали ќе јадеме само домати произведени во странство?

    spot_img

    Земјоделците велат дека поради високите производни трошоци, скапата работна рака и проблемите со пласман од година во година се намалуваат површините засадени со оваа култура. Состојбата се гледа и на зелените пазари каде што доминира увозен домат, но и од статистичките податоци според кои од година во година се намалуваат производството, приносите и откупот на домати. Годинава за 9 месеци се откупени вкупно 15 635 тони домати. Лани во истиот период се откупени 18 882 тони.

    Ристо Велков, од синдикатот на земјоделците од Струмичко, оценува дека наредните години сè помалку ќе има зеленчук од домашно производство, а површините со домат и краставица кај малите земјоделци ќе се преполоват или ќе се заменат со друго производство.

    – Годинава најголемиот дел од земјоделците нема да садат домати, туку главно се насочуваат кон производство на индустриски пипер и зелка. Покрај доматот се намалуваат и површините со краставица. Изминатите години, поради откупната политика, земјоделците трпеа загуби. Производството има висока цена, а откупната цена не може да го покрие овој трошок. Еве само да го земеме ѓубривото кое се користи за прихрана. Тоа лани имаше цена од 1 600 денари, моментално е поевтино, но не се знае до кога ќе има ваква цена. Семенскиот материјал исто така е скап, а работната рака, бидејќи сè помалку ја има е скапа. Дополнително за секој производ неизвесно е дали ќе се продаде. И очекувано е земјоделецот да се пренасочи кон подоходовните култури каде што има и помалку работа и пониски трошоци или да се откаже од производство – вели Велков.

    Проблем покрај откупната политика е и тоа што нема кој да произведува.

    – Младите си заминаа, а нивите ги обработуваат земјоделци постари од 60 години што значи и поради тоа црни се прогнозите дека во наредните години ќе има зголемено производство на градинарски култури. Еве само во моето село 50 отсто од младите се во странство – вели Велков.

    Според него, ако државата сака да има домашно производство треба и системски да се грижи за него и да не носи закони на штета на тоа производство.

    – Со години укажуваме дека е потребна стратегија за организирање производство, откуп, утврдување на цените, но 30 години само нè слушаат и ништо не се презема. Субвенциите не се решение за намаленото производство. Но, и на овој план се прават погрешни потези кои ги одвраќаат земјоделците од нивите. Поврзувањето на добивањето субвенции со осигурување на посевите дополнително ќе го намали производството. Земјоделците немаат пари за осигурување на културите, бидејќи нивните приходи се под производниот минимум, а со тоа ќе ги изгубат и субвенциите. По некоја година, ако ништо не се преземе, мислам дека на пазарот ќе останат само големите производители, помалите нема да можат да се занимаваат со земјоделство. Очекувано е во следните години да расте и увозот на земјоделски производи, наместо да биде обратно – вели тој.

    И официјалните податоци на Државниот завод за статистика за 2021 година покажуваат намалено производството на домати. Од 155 131 тони произведени во 2020 година на 117 897 тони во 2021 година. Намалување има и кај приносите на 26 530 килограми по хектар.

    Кај пиперките, пак, е забележан раст на производството и на приносите. Во 2021 година на произведени се 222 926 тони пипер, а приносот е зголемен на 22 810 тони на хектар. Претходната 2020 година се произведени 204 919 тони пипер.

    Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството и кај краставиците 7,8 отсто, а кај другите посеви и овошје е регистрирано намалување.

    Статистиката регистрира зголемување од 0,7 отсто површините кај градинарските посеви и тоа како резултат на зголемените површини под пипер и краставици.

    Во 2021 година, според податоците на Државниот завод за статистика, се откупени и продадени 65 121 тони домати, додека, пак, годинава до октомври се откупени и продадени 15 635 тони домати. Во истиот период лани биле откупени 18 882 тони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img