More

    Дали Хамилтон ќе го скрши проклетството од 300+ стартови?

    spot_img

    Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон верува дека тој и Мерцедес ќе се вратат на врвот на Формула 1, веќе во следната година.

    Доколку тоа се случи и Британецот повторно почне да победува, тој ќе постави нов рекорд и ќе влезе во историјата, бидејќи ќе сруши едно од поинтересните „клетви“ во овој спорт. Имено, досега ниту еден Формула 1 возач нема победа откако ја помина границата од 300 трки.

    Хамилтон го постигна својот последен триумф на Големата награда на Саудиска Арабија во 2021 година, на својата 287. трка. Единствениот возач кој победи подоцна во кариерата беше Кими Раиконен, последниот светски шампион во болидот на Ферари, кој славеше на ГН на САД во 2018 година, негов 288-ми старт во Ф1.

    Во моментов во Формула 1 има двајца возачи, кои имаат шанса да се борат за победа по 300 трки – Хамилтон со 310 и Фернандо Алонсо со 355, но шансите на Шпанецот со Астон Мартин дефинитивно се помали од оние на Луис. Последната победа на Алонсо беше на Шпанското ГП во 2013 година, во неговиот 201-ви старт.

    Од сегашните возачи, најблиску до „клубот 300“ е Серхио Перез, кој моментално е на 235 трки, а последната победа ја имаше во Сингапур минатата година, на 230-та трка. Валтери Ботас (200 трки) и Нико Хулкенберг (181 старт) се уште се нешто подалеку од Мексиканецот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img