More

    Дали треба да пиете вода за време на вежбање?

    spot_img

    Секојдневното пиење вода е неопходно за функционирање на организмот. Водата е особено важна за оние кои вежбаат бидејќи течноста се губи преку потта, па затоа треба да се надополни. Но, дали е здраво да се пие вода за време на вежбање?

    Експертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, за време и после тренинг. Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира, пишува Eatthis.

    Недоволната количина на вода може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидрација, камења во бубрезите и варење. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.

    За време на вежбањето, помага во одржување на концентрацијата на гликоза во крвта и го подобрува времето на закрепнување. Затоа, спортистите треба да бидат добро хидрирани пред вежбање и да пијат доволно течности за време и по вежбањето за да се балансира загубата на вода, истакнуваат експертите.

    Најдобар начин да проверите дали пиете доволно вода дневно е да внимавате на бојата на урината.

    Ако бојата е светло жолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темно жолта или килибарна, тоа е показател дека веднаш треба да почнете да пиете повеќе вода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img