More

    Дали ова се нозете на една од најубавите жени на светот?

    spot_img

    Иако многу жени лесно поминуваат низ бременоста и немаат посериозни проблеми, барем не видливи, повеќето од нив знаат со какви симптоми и тешкотии можат да се соочат идните мајки во текот на бременоста. Ова на своја кожа го почувствува и бразилската убавица, топ-моделот Адријана Лима (41), која неодамна објави фотографија на Инстаграм сакајќи да покаже со каков предизвик се соочува додека чека да се породи и на свет да го донесе своето трето дете.

    Лима на своите придружници им се пожалила поради проблемот со отекување на нозете, бидејќи е во последното тримесечје од бременоста. Нејзината фотографија всушност покажува дека и манекенката се соочува со истите проблеми како и многу идни мајки. Во својата објава таа напиша „Отечени стапала и нозе, едвај го чекам доаѓањето на момчето“.

    Во текот на бременоста, нормална појава е нозете да отекуваат. Бебето создава притисок врз крвните садови, а до тоа доаѓа и поради зголемениот волумен на крвта во телото во овој период. Иако на прв поглед се чини дека станува збор за вишок килограми, всушност отокот е предизвикан од фактори во бременоста и се повлекува по одредено време.

    Постојат намирници кои можат да го решат овој проблем или барем да го намалат. Внесувањето на витамини и минерали е, според препораките на експертите, најидеалниот начин за намалување на отокот на телото. Внесувањето вода е повеќе од пожелно бидејќи помага да се исфрли задржаната течност во организмот. А, избегнувањето сол и кафе за време на бременоста е универзален совет што можете да го добиете од стручните лица со цел да ја избегнете оваа тешкотија во таа состојба.

    Инаку, објавата на Адриана предизвика низа реакции на социјалните мрежи, од оние во кои таа добива поддршка до реакции на изненадување.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img