More

    Дали можете да го препознаете мажот покрај Џулија Робертс?!

    spot_img

    Холивудскиот актер и режисер Шон Пен ќе го гледаме во непрепознатливо издание во серијата „Гаслит“, која ќе почне да се емитува на 24 април.

    Имено, славниот актер го толкува ликот на Џон Мичел, пријател и адвокат на поранешниот американски претседател Ричард Никсон.

    Пен, за потребите на оваа улога целосно се трансформираше, што може да се види на фотографиите, а и во трејлерот кој се појави.


    Инаку, серијата „Гаслит“ се занимава со аферата Вотергејт и се фокусира на неколку нераскажани приказни. Едната (приказна) се фокусира на Марта Мичел (Џулија Робертс), позната личност од Арканзас и сопруга на адвокатот на Никсон, Џон Мичел (Шон Пен).

    И покрај нејзината партиска припадност, таа е првата личност што ја алармира јавноста поради вмешаноста на Никсон во аферата Вотергејт, која одекна низ цела Америка. Како државен правобранител, Џон Мичел е принуден да избира помеѓу својата сопруга Марта и претседателот Никсон.

     

     

    Покрај Шон Пен и Џулија Робертс, во серијата „Гаслит“ играат Ден Стивен (Џон Дин), Бети Глипин (Мо Дин), Ши Вигам (Гордон Лиди), Дарби Камп (Марти Мичел), како и српскиот актер Александар Филимоновиќ (Золтон).

    Погледнете го трејлерот:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img