More

    Дали заборавот е карактеристика на генијалците?

    spot_img

    Многу луѓе заборавот го припишуваат на недостаток на интелигенција, додека добрата меморија е поврзана со повисок коефициент на интелигенција. Сепак, истражувачите од Универзитетот во Торонто веруваат дека тоа не е баш така.

    Одличното сеќавање во никој случај не е поврзано со високата интелигенција, всушност е спротивното: луѓето кои забораваат на некои работи се попаметни.

    Истражувачите велат дека мозоците преоптоварени со информации имаат поголема веројатност да имаат потешкотии да донесуваат паметни одлуки.

    „Премногу детали од вашиот живот, кои не се важни, можеби ве спречуваат да донесете добри одлуки. Мозокот работи така што старите спомени ги надминува со нови, поважни. Исклучително е важно нашиот мозок да заборави на неважни детали и да се фокусира на работи кои ќе ни помогнат да размислуваме јасно“, објасни Блејк Ричардс, еден од истражувачите.

    Ричардс има интересна идеја за интернетот, на пример, подобро е да се користи Гугл отколку да се паметат глупости. Во стилот на поговорката: „Паметниот пишува, глупавиот памети“.

    „Во свет кој постојано се менува, старите податоци стануваат застарени и неважни за меморијата. Секогаш им се восхитуваме на луѓето кои паметат многу детали, години, имиња и слично, но тоа не е целта на сеќавањето. Улогата на меморијата е да ве направи поинтелигентна личност која може да донесува одлуки врз основа на околностите (интелигенцијата често се дефинира како способност да се прилагодите на новите ситуации), а важен аспект што ви помага да го направите ова е да заборавите на непотребните информации. “, додава овој експерт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img