More

    Дали Доналд Трамп навистина повторно ќе се кандидира за претседател?

    spot_img

    Доналд Трамп планира да „јава“ на бранот на очекуваната републиканска победа на среднорочните избори во САД следната недела и да ја објави својата кандидатура за претседател во 2024 година, пишуваат во петокот американските медиуми.

    Две години откако загуби од Џо Бајден, Трамп навестува дека повторно ќе се кандидира на претседателските избори, а неговите советници го повикуваат тоа официјално да го објави на 14 ноември, пишува Аксиос.

    Во четвртокот, на предизборниот митинг во Ајова, сојузната држава која ги одржува првите републикански прелиминарни избори, Трамп ја објави својата кандидатура на најјасен начин досега. „За да ја направиме нашата земја успешна, безбедна и славна повторно, многу, многу, многу веројатно ќе го направам тоа повторно, во ред? Многу, многу, многу веројатно“, рече Трамп на заглушувачки аплауз од толпата во Сиу Сити.

    „Бидете подготвени. Тоа е се што ти кажувам. Наскоро. Бидете подготвени“.

    Според анкетите на јавното мислење, републиканската опозиција има големи шанси во вторник да им украде најмалку 10 до 20 места на демократите во Претставничкиот дом, што би било доволно за мнозинство.

    Анкетите се помалку сигурни кога станува збор за Сенатот, но таму републиканците треба да освојат само едно место повеќе од демократите за мнозинство.

    Убеден дека републиканците ќе ги добијат двата дома, Трамп размислуваше да ја објави својата кандидатура уште пред изборите, но неговата долгогодишна блиска соработничка Келијан Конвеј го одврати од тоа, бидејќи во случај на пораз на републиканците, целата вина ќе падне врз него.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img