More

    Грчки навивачи предизвикале инцидент во центарот на Скопје

    spot_img

    Попладнево во центарот на Скопје, се случил помал инцидент што го предизвикале грчки навивачи, објави Канал 5.

    Според сведоштва на граѓани, групата навивачи кои веројатно биле дојдени за напреварот меѓу женските ракометни тимови на Металург и Паок, што се играше денеска во Скопје, се симнале од автобусот кај Рекорд, а потоа се упатиле кон плоштадот.

    Попатно, вербално и физички нападнале маж кој носел дрес на македонски клуб, а потоа вербално нападнале и вработена во една од продавниците во центарот.

    До посериозен инцидент не дошло поради брзата реакција на полицијата, која ја изолирала групата, а потоа ја испратила до автобусот.

    Инаку, Металург го загуби и денешниот реванш напревар со шампионот на Грција во второто коло од Европскиот куп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img