More

    Грчката влада подготвува итен план за заштеда на струја во случај на целосен и подолг прекин на снабдувањето со руски гас

    spot_img

    Грчката влада подготвува итен план за заштеда на струја во случај на целосен и подолг прекин на снабдувањето со руски гас, објави атинскиот весник „Та неа“. Вонредните прекини на струја ќе ги опфатат индустриитез кои не произведуваат основни добра, пренесува Н1. Црното сценарио е предвидено за туристичката сезона, иако во моментов Грција најде начин како да му исплаќа на руски „Газпром“.

    Целта не е да се исклучи електричната енергија за домаќинствата, бизнисите кои се на нисконапонска мрежа или за хотелите и болниците. Наместо нив ќе важи за „енергетско-интензивната“ и тешката индустрија и компаниите кои се снабдуваат со струја од среднонапонската мрежа, а не се занимаваат со основни потреби како храна.

    Грчката влада размислува и да го врати работењето од дома за да им заштеди енергија на компаниите, како и да препорача ограничување на употребата на клима уреди и осветлување во јавните згради, според италијанскиот модел. Наскоро се очекува да бидат издадени упатства за ова.

    Според новите правила, летово клима-уредите ќе можат да дуваат на 26 до 27 степени, а зиме собите ќе можат да се загреваат на 19 до 20 степени.

    Грција се спрема за можноста да увезува течен природен гас(ЛНГ). Одлучено е да се изнајми брод танкер на 12 месеци за складирање, кој ќе биде трајно закотвен на постојниот островски терминал за ЛНГ недалеку од Атина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img