More

    Грција ја обвинува Турција за понижувачки однос кон бегалците

    spot_img

    Грчката полиција вчреа пронајде 92 мигранти без никаква облека на себе во близина на пограничната река Еврос (Марица) и ја обвини Турција за нехуман однос кон мигрантите. Турција негира каква било вмешаност во инцидентот и тврди дека тој е исцениран од Грција со политички мотиви.

    – Турција продолжува отворено да ги користи имигрантите, да ги крши човековите права, да го крши меѓународното право. Вчера нејзината провокација ги надмина сите граници, кога полицајци на Одделот за гранична стража, во соработка со Фронтекс, спасија вкупно 92 илегални имигранти од брегот на реката Еврос, кои беа оставени на местото на настанот целосно голи и без никаква облека и работи на себе. Конкретните лица, како што и самите изјавија на грчката полиција, со три возила на турските власти биле пренесени до Еврос, а потоа ги качиле на пластични чамци за да преминат на грчка страна, соопшти грчкото министерство за цивилна заштита – се вели во грчкото соопштение,

    Од друга страна Турција негира каква било вмешаност во инцидентот на реката Еврос.

    – Не можејќи да пронајдете ниту еден случај на прекршување на човековите права од Турција, вие се обидувате да ја прикажете сликата за сопствената суровост како да е извршена од Турција – напиша турскиот заменик министер за внатрешни работи Исмаил Чатакли на Твитер и ја повика Грција да престане со „манипулации и нечесност”.

    Министерот за цивилна заштита Такис Теодорикакос вчера го осуди однесувањето на Турција пред Советот на министри за внатрешни работи и јавен ред на ЕУ во Луксембург, истовремено презентирајќи аудио-визуелен материјал.

    – Во Еврос има секојдневни закани, преку варварска експлоатација на илегални имигранти од страна на Турција, што систематски создава проблем по целата река Еврос. Вчерашниот настан е навистина шокантен. Тоа е нечовечка слика. Тоа е варварско однесување кое се однесува на средниот век, а не на 21 век. Повеќето од 92 илегални имигранти кои беа пронајдени голи се Авганистанци, но има и некои Сиријци. Тие им опишале на офицерите на Фронтекс дека со три возила на турската жандармерија биле пренесени до Еврос. Мора да се бара објаснување од Турција за нејзиното справување со имиграцијата – рече министерот Теодорикакос.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img