More

    Груевски смета дека обвинетите во случајот „Титаник“, верувајќи дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, се понижуваат и се принудени самите да си признаат вина

    spot_img

    Експремиерот Никола Груевски смета дека обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер, верувајќи дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, се понижуваат и се принудени самите да си признаат вина.

    Груевски на Фејсбук напиша дека ако постоеле докази за вина, тогаш немало судењата по 5-6 години да бидат на самиот почеток.

    „Немаше на овие луѓе да треба да им се закануваат со отворање нови судски случаи против нив, немаше да им нудат започнување нови конструирани случаи кои им ги најавуваат. Ниту, пак, ослободувања, ублажувања, преквалификации или повлекувања на дел на обвиненијата со иста цел, или условни казни за дел од актуелните конструирани случаи против нив“, пишува Груевски на Фејсбук.

    Тој додава дека со „стап и морков” стратегија, денеска се одржала однапред режирана седница во судот.

    „Обвинителството и власта со тоа што беа врбувале, ангажирале и задолжиле некои од обвинетите да ги убедуваат другите обвинети да се спогодат, да признаат вина и да добијат условни пресуди, не сакаа да им помогнат ним, туку себе и на власта. По долги преговори и притисоци, убедување комбинирано со закани и нудење отстапки, или со ’стап и морков‘ стратегија, денеска се одржа однапред режирана седница во судот, од чиј исход има најмалку правда и реална вина на оние кои ја признаа, а најмногу режии на политички судски прогони со долгорочни последици, од едно време кое никогаш не е видено на просторот на Македонија“, наведува Груевски.

    Условна казна за Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер и четворица други, а ублажена казна за Миле Јанкиески, побара денеска обвинителката Лиле Стефанова откако осуммина признаа вина во целост или делумно во случајот „Титаник“.

    Целиот статус на Груевски прочитајте го во продолжение:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img