More

    „Гробарите“ ги провоцираа „Чкембарите“

    spot_img

    „Јужна Србија, никогаш Македонија“, скандираа „Гробарите“, навивачи на ракометниот тим „Партизан“ во СЕХА-дербито со нашите „Еурофарм Пелистер“ негде околу 41 минута, кон средината на второто полувреме. Тие со ништо не беа испровоцирани од „Чкембарите“.

    Video Player

    00:00
    00:19

    Скандирањето траеше одредено време, а престана откако делегатот ги опомена „Гробарите“. Но, по извесно време, тоа повторно продолжи.

    Скандалозниот и срамен гест се јави неочекувано, на она што до тој момент личеше на мирен натпревар.

     

     

    Инаку, ракометарите на Еурофарм Пелистер успешно ја почнаа новата сезона во регионалната СЕХА-лига. Битолчани вечерва славеа победа на гостувањето во Белград против Партизан со 25:23.

     

    По изедначениот старт на натпреварот, Пелистер со серија од 5:0 дојде до водство од пет гола (11:6). Предноста од три до пет голови пелистерци ја одржуваа до 36.минута кога водеа со 17:12. Од тој момент Партизан заигра подобро во одбрана и поефикасно во напад па за само 10 минути го изедначи резултатот (19:19). При резултат 20:20, белграѓани имаа напад за прво водство, но не успеаја да постигнат гол. Следуваа три врзани гола за македонскиот тим за мирен финиш до конечен триумф.

    Најзаслужни за победата на Еурофарм Пелистер се голманот Секели со осум одбрани, десниот бек Мараш со седум и пивотот Граџан со пет погодоци, како и Периќ со три голови и осум асистенции.

    Во А-групата се и екипите на ППД Загреб и татран Прешов кои својот меѓусебен дуел од првото коло ќе го имаат на 11 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img