More

    Гркот важеше за најпознат електронски композитор на сите времиња

    spot_img

    Евангелос Одисеј Папатанасиу, попознат како Вангелис, грчки композитор, почина на 79-годишна возраст, објави Атинската новинска агенција. Тој е најпознат по неговата оскаровка музика за филмот „Огнени коли“, а има компонирано препознатливи филмски мелодии за многу познати остварувања, како „Блејд Ранер“ и „Александар“.

    Својата професионална музичка кариера Вангелис ја започнал во 1960-тите, соработувајќи со неколку познати рок бендови како Форминкс и Афродитас Чајлд, со Демис Русос и Лукас Сидерас. Во 1970-тите тој соработуваше со водечкиот пејач на прогресивната рок група „Јес“, Џон Андерсен и издадоа неколку албуми под името „Џон и Вангелис“.

    Во текот на својата кариера напиша и компонираше околу 60 албуми, а музичката критика го смета за еден од најголемите композитори на електронска музика на сите времиња. Во 1992 година, Франција на Вангелис му додели Орден за уметност и литература.

    Повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на неговиот адвокат, Атинската новинска агенција ја информирала јавноста дека Вангелис починал во вторникот доцна навечер, без да ја наведе причината за смртта, пренесе Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img