More

    Градоначалниците на Мицкоски нема да учествуваат на настаните на Арсовска

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ целосно се оградува од однесувањето на градоначалничката Данела Арсовска и најавува дека градоначалниците од оваа партија нема да присуствуваат на нејзините настани.

    „Градоначалничката Арсовска денеска промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот. Поради немањето соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата ‘За модерно Скопје’ поради кој ѝ беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки, ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска“, соопшти партијата.

    Оттаму, како што велат, им ја „честитаат новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img