More

    Градоначалникот Стефковски повикува на акција против ученичкото насилството

    spot_img

    Вчерашниот немил настан во автобус на ЈСП кој возел низ општина Кисела Вода, кога со oстри предмети (веројатно ножеви) се повредени две деца, го наметна прашањето како да се спречи насилството меѓу младите во градските автобуси.

    Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски објави дека заедно со полицајци од полициската станица Гази Баба се возел во автобус со број 65 од Автокоманда до Стајковци, релација на која често пати добивал поплаки дека се случуваат тепачки или физички напади врз деца кои одат или се враќаат од улилиште.

    – Се сретнав со средношколци, но и со граѓани, родители, со кои разговаравме за немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре! Полициски патроли ќе има во автобусите сѐ до целосно надминување на ваквите проблеми – изјави Стефковски.

    Градоначалникот минатата недела јавно ги информираше институциите дека во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Тој упатил официјален допис до полициската станица со кој информирал за насилството и побарал присуство на полиција во автобусите. Воедно, одржал седница на Советот за превенција на која биле поканети преставници од месните заедници Сингелиќ и преставници од надлежни институции, кои по функција се членови на Советот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img