More

    Градоначалникот прогласи вонредна состојба

    spot_img

    Протестот што пред десетина дена го започнаа камионџиите кои се противат на задолжителното вакцинирање против ковид-19, го принуди градоначалникот на канадската престолнина Џим Вотсон да прогласи вонредна состојба. Тој изјави дека на улиците има повеќе демонстранти од полицајци.

    Градоначалникот додаде дека протестот претставува закана за жителите, а имало и извештаи за расистички напади.

    Центарот на Отава е парализиран од минатиот викенд, бидејќи камиони и возила ги блокираат улиците.

    „Конвојот на слободата“ беше поттикнат од правилото донесено минатиот месец, според кое камионџиите кои ја преминуваат американско-канадската граница мора да бидат вакцинирани против ковид-19. Протестот се претвори во општо незадоволство против коронамерките и политиките на владата на премиерот Џастин Трудо.

    „Демонстрантите го интензивираа своето однесување, со тоа што постојано прават бучава, фрлаат пиротехника и си прават забави. Тие се побројни и ние ја губиме битката. Ова мора да го свртиме на наша страна и да си го повратиме градот“, кажа Вотсон.

    Премиерот Трудо претходно демантираше дека ќе ја повика војската за да ја расчисти ситуацијата. Вотсон не кажа кои мерки би можел да воведе, но вонредна состојба ќе му даде дополнителни овластувања на традот, како пристап до опремата што ја користат итните служби.

    Полицијата вчера кажа дека спроведува 60-ина криминални истраги, поврзани со кражби, оштетување имот и злосторства од омраза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img