More

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    spot_img

    По повод месецот на ретки болести, градоначалникот Кирил Пецаков вчера оствари средба со Гордана Лолеска, претседателка на  здружението ,,Ретко е да си редок“.

    На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид ја дава за лицата со ретки болести. Годинава за прв пат во општинската програма за социјална и здравствена заштита се воведени стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.

    Градоначалникот Пецаков потенцираше дека децата и младите од оваа категорија заслужуваат подадена рака и дека ваквите стипендии значително ќе им помогнат во остварување на поголеми образовни успеси. Тој истакна дека потегот на Општина Охрид за воведување на нова категорија стипендии, треба да служи како пример за останатите општини во државата, во насока на помош и поддршка за лицата со ретки болести.

    На средбата градоначалникот Пецаков и госпоѓата Лолеска обоија по една дланка како симбол на поддршка за 5% од пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, со надеж и порака дека наредната година ќе може да се обезбеди пристап до лекови за 10% од лицата со ретки болести.

    Инаку, Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести  2021“ со осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img