More

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ УВЕРЕН ДЕКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

    spot_img

    Денес градоначалникот Кирил Пецаков одржа координативен состанок со претставниците на пливачките клубови од градов, со цел надминување на проблемите околу одржувањето на Охридскиот пливачки маратон.

    На состанокот беше изнесено мислењето дека Општина Охрид заедно со  пливачките клубови, може да одговори на предизвикот во однос на техничката организација на спортскиот настан, но останува на пливачката федерација и Агенцијата за млади и спорт да го понесат својот дел од одговорноста.

    – Општина Охрид ќе направи сè, односно 99 отсто, Охридскиот пливачки маратон да се одржи. Локалната самоуправа ќе стори сè од следната година да ја преземе организацијата на манифестацијата во свои раце, заедно со пливачките клубови. И оваа година ќе направиме сè што е и што не е во наша моќ за да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што веднаш добив одговор од Агенција за млади и спорт“,  изјави по состанокот Пецаков.

    Се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден градоначалникот да оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовкси, по што ќе имаме појасна слика за одржувањето на маратонот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img