More

    Го пропуштиме ли последниот воз за компромис?

    spot_img

    Денеска завршува шестмесечниот период во кој Франција претседаваше со Европската Унија. Од утре на чело на ЕУ ќе застане Чешката Република, земја која е неспоредливо помал фактор во европски и во меѓународни рамки од Франција, па многумина оправдано стравуваат дека тоа ќе доведе до забавување на динамиката во преговорите што се водат помеѓу Македонија и Бугарија, за разрешување на меѓудржавниот спор и конечно отварање на нашиот евроинтеграциски процес.

    Претставницитe на Чешка во Брисел веќе најавија дека главен приоритет на чешкото претседателство ќе биде војната во Украина, потоа енергетската криза, економските предизвици, одбраната и отпорноста на демократијата.

    Од агендата на чешкиот премиер Петр Фијала комплетно е отстранета интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а нема ниту збор ни за преговорите што се водат на релација Скопје – Софија.

    Проблемот е во влијанието, а не во вниманието

    Сепак, првиот министер за надворешни работи на Македонија, професорот Денко Малески, смета дека најмалиот проблем што во моментов го има македонската дипломатија е опасноста од незаинтересираноста на чешкото претседателство.

    – Чешка може да покаже и поголемо внимание за Македонија од Франција, но влијанието е тоа што е важно во меѓународната политика. Влијанието на Чешка е неспоредливо помало од она Франција, која заедно со Германија е најмоќната земја во ЕУ – вели Малески во изјавата за Плусинфо.

    Професорот е песимист дека во блиска иднина ќе видиме слична ангажираност на еден моќен европски политичар, како што во изминатиот период францускиот претседател Емануел Макрон лично се потруди да се обезбеди компромис за Макеоднија и за Бугарија.

    – Планот за компромис со највлијателната земја на ЕУ пропадна и сега не знам на која страна ќе побараме помош. Ова беше шанса за да се постигне некаков компромис, а сега ќе продолжиме понатаму без датум за преговори, надвор од процесот за зачленување во Унијата – изјави Малески.

    Макрон пропушти голема шанса

    Политикологот Димитар Христов не верува дека Чешка е некаков фактор во ЕУ, за да може да наметне некаков нов предлог, кој би бил сериозно разгледуван во Скопје и во Софија.

    – Франција пропушти прилика да се наметне како европски лидер. Не верувам дека Чешка е некаков фактор и затоа е тешко да се очекува дека нешто особено ќе се случува во наредниот период во врска со преговорите. А можеби тоа е и подобро за нас во моментов. Ќе имаме време да се соочите со проблемите што ги имаме дома, пред сè со енергетската криза и со инфлацијата, а потоа кога ќе бидат остварени подобри услови за рамноправни преговори, без притисок да пробаме да најдеме заеднички јазик со нашиод сосед – вели Христов.

    Но, политикологот не е до крај сигурен дека т.н. „француски предлог“, кој премиерот Димитар Ковачевски го одби минатата недела во Брисел, нема да биде основа за некој конечен договор во иднина.

    Чесите се наши словенски браќа

    Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, гледа далеку пооптимистично на чешкото претседателство од другите наши соговорници.

    За Ѓорчев важен фактор е тоа што Чешка има објективен поглед на словенското културно наследство и тоа според него може да биде во наша корист, секако низ призма на преговорите со Софија.

    – Чешка е земја со доминантно словенско население и на нејзина територија се наоѓаат остатоците од средновековната Велико-Моравска држава, во која Светите Кирил и Методиј ја имале својата мисија. Чешките политичари и претходно реагираа на бугарската теза дека старословенскиот јазик е всушност старобугарски и поседуваат големо знаење за нашата историја. Чешка, Словачка, Полска, Словенија и Хрватска се нашите сојузници во Унијата во спорот со Бугарија и тоа ќе биде во наша корист. Чешка можеби ја нема силата на Франција во европски рамки, но благонаклоно гледа на нашиот проблем. Нема да биде страшно и ако останеме изолирани од евроинтеграциите во одреден период, но ќе треба да продолжиме со европеизацијата на нашата држава. Јас сум оптимист дека ќе успееме и дека еден ден навистина ќе се зачлениме во ЕУ – вели Ѓорчев.

    Според тоа што беше објавувано изминатиот период, француското раководство навистина се зазема во изнаоѓањето начин со кој ќе се изнајде решение за деблокада на нашиот пат кон ЕУ.

    Вечерва на полноќ Париз ќе ѝ го предаде претседавањето со ЕУ на Прага. Вниманието на Унијата несомнено е дека ќе биде насочено кон Исток и кон случувањата во Украина, каде веќе четири месеци беснее војната со Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img