More

    Го нападна Салман Ружди, писател кому со години му се закануваат исламистите

    spot_img

    Салман Ружди, писателот кој иранскиот духовен водач Хомеини го осуди на смрт поради објавување на романот „Сатански стихови“, беше нападнат на сцената во Њујорк, по што со години му се закануваа отворено од исламистите.

    Ружди требаше да започне со предавање во институцијата Шаутаки кога еден човек се качи на бината и почна да го „удира или прободува“ додека го воведуваат, објави Скај њуз, цитирајќи новинар на АП од местото на настанот.

    Писателот „паднал на подот или бил соборен“, а напаѓачот бил фатен, јави американската новинска агенција АП.

    Книгата на Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988 година и многу муслимани ја сметаат за богохулна.

    Една година подоцна, починатиот ирански водач, ајатолахот Рухолах Хомеини, издаде фатва во која повика на негово убиство.

    Иран за ова нуди награда од повеќе од 3 милиони американски долари.

    Британската новинска агенција Ројтерс јавува дека се уште не е познато во каква состојба е Ружди по нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img