More

    Го изманипулирала Илон Маск

    spot_img

    Амбер Херд всушност никогаш не го сакала своето поранешно момче Илон Маск, тврдел нејзиниот поранешен агент кога била покажана преписката помеѓу него и неговата поранешна клиентка, што била прикажана на рочиштето на деценијата.

    Кристијан Карино, кој бил агент и на Џони Деп и на Амбер Херд, сведочел во постапката за клевета што актерот ја покрена против неговата поранешна сопруга.

    Деп бара од Амбер Херд 50 милиони долари бидејќи, според неговите зборови, таа го оклеветила и му го уништила угледот, тврдејќи во колумната што ја напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година дека била жртва на семејно насилство. Иако не именувала никого, Деп тврди дека луѓето во статијата го препознале него и дека поради сето тоа ги трпи последиците.

    Проблемите во нивниот брак станаа јавна работа во 2016 година кога таа се појави на суд со модринки на лицето, тврдејќи дека ѝ ги нанел Деп. Нивниот развод заврши во 2017 година, а во тоа време Амбер Херд веќе извесно време се забавувала со Илон Маск.

    Токму на тој период се осврнал и Карино. Неговото сведочење било снимено претходно, а снимката вчера била пуштена во судот.

    На снимката, Карино го покажува допишувањето помеѓу него и Амбер Хард во август, 2017 година, кога нејзиното раскинување со Маск завршило во медиумите. Агентот изјавил дека актерката „веднаш преминала“ од Деп на Маск.

    „Ти не го сакаш и ми кажа илјадапати дека го пополнуваш просторот со него“, ѝ напишал Карино, откако таа се пожалила на фактот дека медиумите дознале дека врската е завршена.

    „Знам, но сакав време за тагување и закрепнување. Но, уште еден маж ме пушти сама да паднам на шилци“, одговорила таа.

    „Можеш да го избегнеш тоа, така што нема да се забавуваш со суперпознати луѓе“, саркастично ѝ возвратил тој.

    Сè уште не е познато точно кога Амбер Херд започнала да излегува со Маск. Првите написи во весниците датираат од јули 2016 година. Адвокатскиот тим на Деп сугерирал дека таа го изневерувала актерот со Маск, а соседите од зградата во која поранешните сопружници заедно живееле сведочеле дека милијардерот неколкупати ја посетил Амбер Херд.

    Маск, кој оваа недела го купи Твитер, е наведен како потенцијален сведок во корист на Херд, но не е познати дали тој навистина ќе биде повикан да сведочи.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img