More

    Голем пожар избувна во облакодер во централниот кинески град Чангша- Зафатени се десетици катови во „Чајна Телеком“

    spot_img

    Голем пожар избувна во облакодер во централниот кинески град  Чангша, јавија државните медиуми, додавајќи дека засега не е познат бројот на жртви. Се работи за зградата на „Чајна Телеком“, државната телекомуникациска компанија. Зафатени се десетици катови, пренесува Гардијан.

    „Голем чад се шири од локацијата, а неколку десетици ката жестоко горат“, објави државната телевизија Си-Си-Ти-Ви.

    „Пожарникарите почнаа да работат на гаснење на пламенот и на спасување на местото на настанот“, се додава.

    Пожарот зафатил висока зграда во која се наоѓала канцеларија на државната телекомуникациска компанија „Чајна Телеком“, се вели во извештајот.

    Чангша, главниот град на провинцијата Хунан, има население од околу 10 милиони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img