More

    Голем број различни бизниси често се користат за перење пари, но повеќето криминални средства едноставно се враќаат во Албанија на рака или со возило, објавиле британски медиуми

    spot_img

    Според официјални извори, голем број различни бизниси често се користат за перење пари, но повеќето криминални средства едноставно се враќаат во Албанија на рака или со возило, објавиле британски медиуми, јави Ора њуз.

    – Во неодамнешната заплена, 300.000 фунти беа пронајдени во багаж на аеродромот во Обединетото Кралство кој летал за албанскиот главен град Тирана. Во друг случај, граничните службеници пронашле 500.000 фунти скриени во комбе на пристаниште во Велика Британија – наведуваат медиумите.

    Се додава дека албанските криминални групи сега го контролираат поголемиот дел од фармите за канабис низ Обединетото Кралство.

    – Во последните години албанските криминалци презедоа голем дел од трговијата со канабис од виетнамските криминални групи. Поголемиот дел од криминалните активности кои вклучуваат фарми за канабис се концентрирани во најсеверните области – се наведува во извештајот на медиумот.

    Но, во речиси секој дел од земјата “Албанците се доминантна група вклучена во одгледувањето канабис”.

    GB News неодамна објави за специјализирана полициска единица во Сафолк, каде што полицајците изјавиле дека повеќето од криминалците кои ги користат улиците во округот за криминал со дрога биле Албанци.

    На југот на земјата, пак, албанските криминални групи сè уште го контролираат најголемиот дел од трговијата со кокаин.

    – Изворите велат дека трговијата со канабис била главно независна меѓу албанските криминалци, но трговијата со кокаин во голема мера била надгледувана од криминалните газди во Албанија – посочува GB News.

    Низ Обединетото Кралство, неодамна имаше голем број апсења на Албанци осомничени дека се вмешани во шверц на луѓе преку Ла Манш.

    Британските медиуми пишуваат дека многу Албанци кои пристигнуваат во Велика Британија со чамци се под инструкции на криминални банди и потоа голем дел од нив работат за тие криминални мрежи.

    Само за девет месеци од годинава илегално со моторни чамци на британска територија пристигнале најмалку 12 илјади албански граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img