More

    Голем број луѓе пристигнуваат во храмот во Токио за да му оддадат почит на некогашниот јапонски премиер Шинѕо Абе

    spot_img

    Голем број луѓе пристигнуваат во храмот во Токио за да му оддадат почит на некогашниот јапонски премиер Шинѕо Абе, чие убиство ја засени изборната победа на владејачката партија со која доминираше.

    Премиерот Фумио Кишида, кој има шанса да ја зацврсти сопствената моќ по успехот на изборите, како и американската министерка за финансии, Џенет Јелен, беа меѓу стотината присутни на оддавање почит на Абе, три дена по неговото убиство за време на предизборен собир.

    Најдолговечниот јапонски премиер, кој поднесе оставка во 2020 година, ќе биде погребан утре.

    – Присутно е длабоко чувство на тага поради неговата загуба. Премиерот Абе беше визионерски водач и ја зајакна Јапонија. И знам дека неговото наследство ќе живее и ќе резултира со просперитетна Јапонија – изјави Јелен.

    Властите ја продолжуваат истрагата за 41-годишниот осомничен, Тецуја Јамагами, кој беше уапсен на лице место во западниот јапонски град Нара.

    Според јапонски медиуми, во полиција осомничениот изјавил дека со месеци го планирал нападот, обвинувајќи го поранешниот премиер за врски со верска организација, што ја обвинува за финансиската пропаст на својата мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img