More

    Голема спасувачка акција во Грција, потона чамец со мигранти

    spot_img

    Во Грција започна голема операција за пребарување и спасување откако во текот на ноќта потона чамец кој наводно превезувал мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража.

    Во соопштението се наведува дека 29 мажи биле спасени од морето југоисточно од островот Карпатос, кој се наоѓа меѓу Родос и Крит.

    Спасените мажи се од Авганистан, Ирак и Иран, а на властите им рекле дека на бродот имало од 60 до 80 луѓе кога потонало. Тие рекоа дека бродот испловил од Анталија и се упатил кон Италија.

    Во потрагата по исчезнатите учествуваат два патролни чамци на крајбрежната стража, брод на грчката морнарица, хеликоптер и најмалку три цивилни бродови, соопшти крајбрежната стража.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img