More

    Големата награда на Шпанија е неговата 24 победа во кариерата

    spot_img

    Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Шпанија која денеска се возеше на патеката Каталуња во Барселона.

    Верстапен ја забележа 24 победа во својата кариера во шестата сезонска трка во календарот на Формула 1, додека на преостанатите две трки победи Чарлс Леклер од Ферари.

    Леклер водеше и на денешната трка во Шпанија, но поради дефект на болидот се откажа во 27 круг, што Верстапен го искористи и од четвртото место се проби на водечката позиција, која до самата цел не ја испушти.

    Неговиот клупски колега Серхио Перез мина втор низ целта, додека третото место го освои Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес).

    Со денешниот триумф Верстапен го презеде водството во генералниот пласман со 110 бодови, четири повеќе од второпласираниот Леклер, додека трет е Перез со 85 бодови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img