More

    Гласањето за недоверба на владата на Кирил Петков во Бугарија ќе се одржи во вторник на вонредна седница

    spot_img

    Гласањето за недоверба на владата на Кирил Петков во Бугарија ќе се одржи во вторник на вонредна седница која ќе започне во 11 часот, јавува БГНЕС. Правилникот вели дека ќе може да се гласа не порано од 24 часа по завршување на расправите. Предлогот за гласање недоверба го поднеле Десислава Атанасова и група пратеници.

    Во меѓувреме, „има комплетен застој во Софија“, вели еврокомесарот Оливер Вархеји на прашањето на МИА дали Европската Комисија ќе гарантира дека нема да се прекршат принципите на ЕУ во преговорите. Тој не знае за никаква „преговарачка рамка“, алудирајќи на францускиот предлог кој требаше вчера да биде доставен до бугарското собрание.

    – Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ, нема преговарачка рамка во овој момент – изјави еврокомесарот.

    Вархеји потоа додаде дека се надева оти одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи за неколку дена.

    – Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години кога станува збор за првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија, рече Оливер Вархеји, одговарајќи на прашање дали Украина и Молдавија би можеле да започнат преговори пред Скопје и Тирана откако двете земји денеска добија препорака за кандидатски статус за членство во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img