More

    Германски пратеник: Со испраќање оружје во Киев, Западот ја ризикува третата светска војна

    spot_img

    Западот ризикува да го претвори конфликтот во Украина во трета светска војна со зголемување на испораката на оружје за Киев, изјави германската пратеничка Севим Даделен за кинескиот весник „Глобал тајмс“.

    „Зголемената испорака на тешко оружје за Украина, како и обуката на украинските војници, го зголемуваат ризикот конфликтот да се претвори во трета светска војна“, рече Даделена, член на германската левица.

    Според неа, загриженоста ја делат две третини од Германците.

    Таа посочи дека Германија „воопшто не е изолирана кога станува збор за ова прашање“.

    Даделенова истакна дека САД и Велика Британија се потпираат на „војување на далечина“ и се надеваат дека ќе ја истрошат Русија.

    „Целта е долгорочно да се ослабне Русија, а за да се постигне тоа, Западот е подготвен да прифати смрт на неколку десетици илјади луѓе и неограничено страдање, како и уништување на Украина“, изјави Даделена.

    Пратеник во германскиот парламент предупреди дека глобалните последици ќе бидат полоши колку подолго трае конфликтот во Украина, пренесе ТАСС.

    „Потребни ни се сериозни дипломатски напори насочени кон изнаоѓање решение преку преговори“, додаде таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img