More

    Германските инвеститори бараат законски измени

    spot_img

    Директорот  на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс денеска побара законски измени со кои и странските инвеститори во Техничко-индустриските развојни зони (ТИРЗ)  ќе можат да аплизираат за  дозвола за поставување фотоволтаици на погоните.

    – Оваа одредба не ги опфаќа инвеститорите во Техничко-индустриските развојни зони. Затоа е пожелно прилагодување на законската одредба која важи за ТИРЗ. Треба да се разјасни како инвеститорите во ТИРЗ можат да аплицираат за добивање дозвола за поставување на фотоволтаични модули на покривите на своите производни капацитети со цел производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка.
    Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија енормно придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина и се вклопува во стратегијата за развој на енергетскиот сектор на Северна Македонија со која се стреми кон што поголемо производство на енергија од обновливи извори на енергија – вели тој.

    Мартенс појснува дека фотоволтаични системи со инсталирана моќност до 1 MW може да се поставуваат на покриви по добивање на одобрение од општина- овој процес е многу поедноставен отколку добивање градежна дозвола.

    – Постапката опфаќа доставување на извод од урбанистичкиот план или имотниот лист, ревидиран проект, договор со сопственикот на објектот, лиценца во зависност од капацитетот и согласност од Агенцијата за цивилно воздухопловство, во зависност од висината на панелите – појаснува Мартенс.

    Тој додава и дека во тек се извесни промени во регулативите кои ќе овозможат поедноставување на постапките за инсталација на покривни панели и зголемување на капацитетот на инсталирана моќност на овие производни капацитети.

    Директорот  на Делегацијата на германското стопанство информира дека статистичките податоци за трговската размена меѓу РСМ и Германија изненадиле.

    – Статистиката за трговска размена покажува дека размената помеѓу Германија и Северна Македонија во 2021 година повторно значително се зголемила и го достигнала своето рекордното ниво.  Меѓу двете земји лани беше остварена трговска размена во вредност од 4,7 милијарди евра, што означува зголемување за 23,6 отсто во споредба со минатата година. Извозот од Северна Македонија кон Германија во 2021 година се зголемил за 24,8 отсто во споредба со 2020 година, додека увозот од Германија во Северна Македонија се искачи од 1 милијарда евра на 1,2 милијарди евра, што претставува раст од 20,6 отсто- вели Мартенс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img