More

    Германскиот пратеник повикува да продолжат пристапните преговори со ЕУ

    spot_img

    Европската Унија треба да го засили присуството во Северна Македонија, а уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори на РС Македонија со Унијата – порача вчера во Скопје Михаел Рот, пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика, кој имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    – Тоа е наша обврска на политичарите од ЕУ и од Германија да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди – рече Рот по средбата со Пендаровски. Претходно тој имаше средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

    Германскиот пратеник рече дека земјава вложи многу на патот кон ЕУ и токму сега Унијата има обврскада биде поприсутна во Северна Македонија, да биде повидлива, повеќе да се ангажира, да обезбеди перспектива и повеќе работа за младите за да знаат дека вреди.

    – Затоа е сега многу важно уште еднаш да се предочи и да биде јасно дека ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира ЕУ – рече германскиот пратеник Рот.

    Тој изрази надеж дека во македонскиот Парламент ќе можат да се создадат предуслови да се продолжи, како што кажа „ангажирано со пристапните преговори“.

    – Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за тие уставни промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може јас да и помогнам на мојата партија, туку како може јас да и помогнам и да придонесам за мојата земја – потенцира Рот.

    Германскиот пратеник кажа дека ќе се сретне и со претставници на опозицијата и граѓанскиот сектор, и дека е дојден да слушне што имаат тие да кажат и дека има разбирање за фрустрацијата која што постои.

    – Но сега треба да си го поставиме прашањето – што можеме да направиме во оваа тешка и драматична ситуација за земјата и за луѓето. Се надевам дека ќе бидат создадени предусловите за промената за да може да има темпо и забрзување на овие пристапни преговори затоа што тоа е многу потребно и никој не може да очекува дека за една или две години ситуацијата ќе биде подобра. Земјата во однос на ова направи веќе многу така што всушност останува уште малку, посочи Рот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img