More

    Германскиот канцелар Шолц наредната недела во регионот

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц следната недела доаѓа во дводневна посета на Западен Балкан, а на 11 јуни ќе ги посети Северна Македонија и Бугарија, јавува „Дојче Веле“.

    Први станици на дводневната балканска турнеја на Олаф Шолц ќе бидат Косово и Србија на 10 јуни. Како што изјавил портпаролот на германскиот канцелар, во Косово Шолц ќе ги посети и германските групи во КФОР.

    Од таму, Шолц ќе замине за Солун каде на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе учествува на вечера со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“.

    Според соопштението од кабинетот на Шолц, во фокусот на неговото патување ќе биде ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан, како и придонесот на Германија во унапредувањето на регионалната соработка и надминувањето на билатералните блокади. Освен тоа, централна тема ќе биде и заедничката реакција на руската агресија врз Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img