More

    Германија усвои мерки за штедење, греењето во канцеларија да биде 19 степени

    spot_img

    Германската влада усвои пакет мерки за заштеда на енергија, вклучително и ограничување на греењето на работните места на максимални 19 степени.

    Мерките, кои треба да стапат во сила до крајот на февруари идната година, предвидуваат повеќе да не се загреваат скалите и ходниците, а на работните места за кои е потребна тешка физичка работа, просториите би се загревале до максимум 12 степени.

    Од ова правило се изземени медицинските установи, градинките и училиштата.

    На продавниците и деловните простории им е забрането подолго време да ја отвораат влезната врата за да се спречи загубата на топлина, а на приватните домаќинства им е забрането да ги греат базените на плински или електрични греалки.

    Владините мерки за заштеда на енергија важат и за осветлувањето на деловните простории. Светлосните реклами како и осветлувањето на излозите не смеат да се вклучуваат од 22 до 06 часот, со исклучок на излозите на пешачките подвозници.

    Јавните објекти повеќе нема да смеат да користат надворешно осветлување, вклучително и осветлување на спомениците на културата, одлучи Владата.

    Министерот за економија Роберт Хабек рече дека овие мерки можат да заштедат до два и пол проценти од вкупната потрошувачка на енергија во Германија. Целта на Владата е 20 проценти.

    – Ние се наоѓаме пред задача од национални размери. Секој придонес е важен – рече Хабек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img