More

    Германија со денови гаси пожари: „Ситуацијата е напната“

    spot_img

    Состојбата со шумските пожари кои веќе неколку дена горат во сојузните покраини Бранденбург и Саксонија се уште е тензична, соопштија во вторникот противпожарните служби.

    „Пожарот се прошири на над 800 хектари во областа Елба-Елстер и се уште не е под контрола“, изјави портпаролот на областа. Во градот Фалкенберг во понеделникот 600 луѓе беа евакуирани од своите домови загрозени од пожар.

    Во вторникот наутро повеќе од 150 пожарникари се обиделе да го локализираат пожарот, а гаснењето го отежнува силниот ветер и екстремно сувото тло. Големи делови од источна Германија, особено сојузната покраина Бранденбург, веќе подолго време се погодени од недостиг на врнежи.

    Во подрачјето зафатено од пожарите има и голем број ветерници за производство на струја. Во борбата против пожарот во вторник треба да се приклучат и хеликоптери на Бундесверот.

    Покрај Бранденбург североисточно од Лајпциг и јужно од Берлин, гори и во националниот парк Саксонска Швајцарија долж границата со Чешка.

    Германија, за разлика од соседните земји, нема авиони за гаснење пожари. Една од партиите во владејачката коалиција, Либерално-демократската партија (ФДП), поради се позачестените пожари на вегетација што ја зафатија Германија во последните години поради повисоките температури и сушата, бара купување на авиони за гаснење пожари.

    „Сушните периоди како овој во последните недели со бројни шумски пожари јасно покажаа дека Германија мора подобро да се подготви за борба против пожарите“, рече потпретседателката на пратеничката група на ФДП во Бундестагот, Карина Конрад.

    Од МВР истакнаа дека заштитата од природни непогоди е обврска на сојузните покраини, кои самите мора да го започнат процесот за набавка на потребниот материјал, во кој сојузната влада може да ги поддржи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img