More

    Германија си ја призна грешката – Требаше многу порано воено да ја поддржиме Украина

    spot_img

    Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек синоќа изјави дека е голема грешка што неговата земја воено не ја поддржала Украина многу порано. Во интервју за германскиот јавен сервис, тој рече дека поддршката за Украина требало да започне пред многу години.

    – Ние секако требаше воено да ја поддржиме Украина многу порано, и не зборувам само за денови или недели, туку години, рече Хабек.

    Претходната администрација на Ангела Меркел беше критикувана за нејзините врски со Русија, особено за зависноста од руски енергенси.

    Хабек вели дека Германија сега помага во снабдувањето на Украина со тешко оружје, откако владата вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана за да ја исполни целта на НАТО од 2 отсто од БДП.

    Суспендиран е и гасоводот Северен тек 2 од Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img