More

    Германија сака да ја види Северна Македонија што е можно поскоро во Европската Унија

    spot_img

    Германија сака да ја види Северна Македонија што е можно поскоро во Европската Унија – рекол претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на средбата со премиерот Димитар Ковачевски денеска во Владата, соопшти владината прес-служба.

    Детерминираноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности. На средбата заеднички беше констатирано дека целата поддршка и напори кои ги вложуваат двете земји, вклучително и претстојните уставни измени, се во насока на обезбедување европска иднина на граѓаните“ – соопшти владината прес-служба.

    Покрај сојузништвото и партнерството во НАТО, ОН и ОБСЕ, Германија оваа година имаше и успешна улога во Берлинскиот процес кој резултираше со три потпишани договори за меѓусебно признавање на академските квалификации/дипломи, професионалните квалификации и патните исправи, се потсетува во соопштението.

    Владата наведува дека денешната посета на Штајнмајер е потврда на пријателството и соработката и дека блиските релации на двете земји се потврдуваат и преку економската соработка.

    Германија е прв и најголем економски партнер на Северна Македонија, која околу 45 проценти од целокупниот извоз го извезува во Германија. Околу 200 компании во Северна Македонија се германски компании меѓу кои и WPD која вложува околу 500 милиони евра во ветерна електроцентрала со моќност од 415КВ во Куманово – Крива Паланка, и која претставува сериозен чекор во производството на електрична енергија од обновливи извори“ – соопшти владината прес-служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img