More

    Германија сака да ги укине ковид-мерките до 20 март, а вирусот „веќе не е такво страшило какво што беше“

    spot_img

    Германија сака да ги укине ковид-мерките до 20 март, а вирусот „веќе не е такво страшило какво што беше“, пишува ДојчеВеле. Засега ова е идеја на канцеларот Шолц и премиерите на покраините за која ќе се дебатира. Омикрон-сојот заразува и до 1.400 луѓе дневно, но „не вознемирува никого“, се вели во статијата.

    Идејата за задолжителна вакцинација во Германија како „да изгуби моментум“, објавија некои медиуми. Но, за разлика од Шпанија и други земји кои ќе ги олабават мерките, Германија сè уште нема доволен број вакцинирани за колективен имунитет. Само 75 отсто од граѓаните се вакцинирани со две дози, бројка што тешко се менува и покрај кампањите во медиумите кои чинат милиони евра.

    Во владејачката коалиција на Шолц уште не се едногласни за укинување на мерките. Но, веќе се крева прашина околу ова. Германија истовремено донесе закон до 15 март задолжително да се вакцинираат сите здравствени работници, на што имаше голем отпор, особено во Баварија. Затоа се размислува за повеќе опции: задолжителна вакцина само за оние над 18 или над 50 години, постепена вакцинација или пак, обврската да се менува со самото тоа како пандемијата ќе се менува.

    Едно е сигурно. Луѓето во Германија се уморни од пандемијата и мерките. Сите ѝ се радуваат на пролетта која доаѓа и се надеваат дека ако има нов сој по омикрон, дека и тој ќе биде благ и неопасен за да можат слободно да шетаат на убавото време. Ова секако, ќе влијае и на одлуката на политичарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img