More

    Германија ги „чешла“ сите што влегуваат во земјата

    spot_img

    На помалку од две недели пред почетокот на самитот на светските лидери од Г7 во Баварија, Германија воведе дополнителни проверки на своите граници, јави ДПА.

    – Официјални лица се обидуваат да ги спуштат ограничувањата на минимум – изјави денеска полицискиот портпарол, додавајќи дека се преземаат мерки да се спречи влез на потенцијални сторители.

    Се вршат проверки на влезните рути кон Германија, како и на возовите и туристичките рути долж границата.

    Лидерите на земјите од Г-7 (Германија, Франција, Британија, Италија, САД, Канада и Јапонија) ќе се сретнат во замокот Елмау меѓу 26 и 28 јуни.

    Проверките на внатрешната граница на ЕУ меѓу Германија и Австрија всушност се вршат од есента 2015 година поради тогашната мигрантска криза. Привремената суспензија на Шенгенскиот договор на границата е постојано продолжувана или повторно воведувана.

    Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека поради влошената глобална политичка ситуација дополнителните безбедносни мерки се уште поважни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img