More

    Генчовска вели дека Бугарија не го менува ставот за Македонија

    spot_img

    Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката, рече за БГНЕС министерката за надворешни работи Теодора Генчовска

    Таа ова го изјави по повод денешната изјава на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи дека топката е во полето на Бугарија и нашата земја нема јасен и единствен став за Македонија.

    – Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи – рече министерката Генчовска.

    На прашањето на БГНЕС дали очекува промена на ставот на Бугарија за укинувањето на ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и претстојниот Совет за општи работи, Генчовска рече: „Не. Нашиот став во Советот за општи работи нема шанси да се смени, бидејќи таква тема нема“.

    Таа категорично ги отфрли обвинувањата на премиерот Димитар Ковачевски дека Бугарија ги земала Македонија и Албанија како заложници.

    – Тие не го исполнуваат договорот, ни требаат специфики. Веќе изгубивме 5 месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот – рече Генчовска во одговор на прашање на БГНЕС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img