More

    Гвардиола: Никој не ја спречи ниту војната во Југославија!

    spot_img

    Каталонскиот тренер Пеп Гвардиола, прашан во петокот за руската инвазија на Украина, рече дека никој не направил ништо во раните 1990-ти за да ја спречи војната во поранешна Југославија.

    -„Тоа се случи во Југославија и никој ништо не направи – има многу војни во светот. Многу. Невини луѓе ќе умрат иако се што сакаат е да живеат во мир“, изјави на прес-конференција 51-годишниот Пеп Гвардиола, тренер на Манчестер Сити.

    „Во целиот свет луѓето сакаат само куќа, добро спијат, имаат храна на маса и имаат луѓе што ги сакаат“, додаде Гвардиола, поддржувач на движењето за независност на Каталонија од Шпанија.

    Каталонскиот премиер по едностраното прогласување независност во 2017 година од Барселона замина во Брисел, а движењето не беше подготвено физички да ја брани прогласената независност на таа автономна покраина.

    „Невините луѓе секогаш плаќаат ужасна цена за одлуките што ги носат неколкумина“, рече Гвардиола. „Како општество сè уште не научивме што ни се случи во минатото. Во Украина, во Сирија… .на многу места. На крајот, посилната страна секогаш ја убива послабата“, додаде тој.

    Тој рече дека е загрижен за неговиот 25-годишен украински играч Олег Зинченко.

    „Зинченко е загрижен бидејќи, очигледно, сите ја сакаме земјата во која сме родени. И ако го убијат твојот народ, невин… Како би можел да се чувствува? Ние и клубот ќе бидеме со него и ќе му помогнеме во она што му треба“, изјави Гвардиола.

    Тој додаде дека имал приватен разговор со Зинченко, дека „силен е“ и дека ќе биде во тимот за утрешниот натпревар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img